Централниот комитет на Единствена Македонија донесе одлука да го подржи Филип Петровски за кандидат за претседател


10.02.2019 | 20:00:50 | Соопштенија


Централниот комитет на Единствена Македонија донесе одлука да го подржи Филип Петровски за кандидат за претседател

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса, денес, недела, 10 февруари одржа седница во врска со утврдувањето на кандидат и настап на партијата на претстојните избори за претседател на Република Македонија.

Централниот комитет на Единствена Македонија како членка на „Македонија-Блокира„ донесе едногласна одлука да го подржи Филип Петровски на претстојните избори како кандидат за претседател на „Македонија-Блокира“.

Единствена Македонија застанува зад кандидатурата на Петровски водејќи се единствено од македонските национални и државни интереси да се порази злото во Македонија кое има свое име. Злото се вика марионетска власт Зоран Заев купена и контролирана од странски центар.

Филип Петровски е кандидатот кој во моментот може да го победи кандидатот на марионетската власт на Заев бидејќи ужива народна подршка на широка основа како од членството на ВМРО-ДПМНЕ така и од големата коалиција „Македонија-Блокира„ во која членуваат 84 организации - партии и здруженија од земјата и дијаспората. Практично, Филип Петровски е кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните.

Централниот комитет на Единствена Македонија изразува целосна подготвеност за учество на партијата и на предвремени парламентарни избори во секое време кога и да се одржат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 10 февруари 2019

Македонска телевизија (13 м:50 с) ТВ 21

Фокус

Пулс 24

Скопје 1

Мактел

Локално 4Новости Пост

Тајм

Вести

Дејли

Грид