Заев ја замајува јавноста со мерцедесот и платата на Груевски а ветуваше одземање на украдени 5 милијарди евра од претходната власт


29.01.2019 | 15:16:40 | Соопштенија


Заев ја замајува јавноста со мерцедесот и платата на Груевски а ветуваше одземање на украдени 5 милијарди евра од претходната власт

Марионетската власт на Зоран Заев заглавена во безаконие, корупција и криминал продолжува да ја замајува јавноста со смешните обвиненија за поранешниот премиер Никола Груевски за набавката на луксузниот мерцедес во кој сега без проблем се вози и Заев, па за некакви нарачани шамари во општина Центар и најново од вчера за укинување на пратеничката плата на Груевски.

Манипулациите на Зоран Заев повеќе не минуваат. Заев во предизборната кампања рече дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и дека доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено и конфискувано.

Наместо одземање на украденото од претходната власт, секојдевно гледаме како се редат скандали со кражба на народни пари од Заев, актуелни министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели на СДСМ кои добиваат лиценци за бизниси, тендери и грантови во милиони евра.

За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт ќе биде конфискувано не само од претходната власт туку од сите криминалци во изминатите 28 години. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 29 јануари 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

24 Инфо

Центар

Точка

Вечер

Весник

Мак прес

Актуелно 24

Тајм

Вести

Дејли

Грид