Македонските попови да фрлат анатема до седмо колено за оние што ги подржуваат уставните измени за бришење на Македонците


06.01.2019 | 17:45:48 | Соопштенија


Македонските попови да фрлат анатема до седмо колено за оние што ги подржуваат уставните измени за бришење на Македонците

Во името н Единствена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до членовите на Синодот на Македонската православна Црква, на преподобното свештенство и монаштво и на сите православни верници по повод големиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божиќ со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој.

Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја одбраниме светата македонска земја која е окупирана од сатаната која нема никава почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.

И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на традиционалните и духовните вредности, а помирувањето на македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата зедничка инднина.

Водени од оваа верба, силно веруваме дека следниот Божиќ ќе го дочекаме во слободна Македонија, а нашата должност како Македонци е да ги одбраниме светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување. Македоснките попови имаат силна национална должност на богослужбите низ сите цркви во земјата и дијаспората да фрлат анатема до седмо колено до оние кои ги подржуваат уставните измени за бришење на библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 6 декември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

24 Инфо

Фактор

Скопје 1

Вести 24

Народен Глас

Тајм

Вести

Дејли

Грид