Сега кога марионетата Заев призна за грчки медиум дека брише се што е македонско, што ќе прави македонскиот народ


05.01.2019 | 17:09:09 | Соопштенија


Сега кога марионетата Заев призна за грчки медиум дека брише се што е македонско, што ќе прави македонскиот народ

Со вчерашното интервју за грчкиот „Ефимерида тон синдактон“, марионетата Зоран Заев целосно ги отвори картите дека со договорот со Преспа се раѓа нова нација во новата држава Република Северна Македонија и дека се признава грчкиот карактер на Македонија во регионот.

Со ваквите изјави за бришење на Македонците од светската мапа на нации, марионетата Зоран Заев требало да го разубеди лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис да гласа во грчкиот парламент за ратификацијата на Договорот од Преспа.

Како и да е, маските паднаа. Зоран Заев цело време ја лаже и манипулира македонската јавност дека со договорот од Преспа е заштитен македонскиот јазик и идентитет а во вчерашното интервју за грчки медиум самиот Заев сето тоа го демантира поклонувајќи ја на Грција македонска историја, наследство и култура во регионот.

Сега кога самиот Заев на отворена сцена го брише светото македонско име, идентитетот, историјата и традиција на македонскиот народ, што ќе прави македонскиот народ?

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 5 јануари 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вести 24

Скопје 1 Макпрес 24 Инфо Опсервер

Тајм

Вести

Дејли

Грид