(ВИДЕО) Новогодишно обраќање на Претседателот на Единствена Македонија, д-р Јанко Бачев


31.12.2018 | 16:46:05 | Соопштенија


(ВИДЕО) Новогодишно обраќање на Претседателот на Единствена Македонија, д-р Јанко Бачев

Новогодишно обраќање, Единствена Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 31 декември 2018

Почитувани браќа Македонци и сестри Македонки

Почитувани граѓани на Република Македонија

2018 година е веќе зад нас, пред нас е новата 2019 година. Секој од нас си има свое видување за годината што измина и свои цели, желби и соништа за годината пред нас. И на секој од нас многу фактори му влијаеле на индивидуален план годината да му биде подобра или полоша.

Другата страна се случувањата во државата кои директно или индиректно влијаат на нашите животи.

На државен план, ќе се согласиме дека годината зад нас ја одбележаа настани кои го доведуваат во прашање опстанокот на македонскиот народ и македонската држава.

Во Македонија беше инсталирана марионетска власт купена и контролирана од странски центар со цел промена на вековното македонско име, идентитет, историја и традицијата на македонскиот народ.

Затоа, Единствена Македонија презеде една поактивна улога. Заедно со 72 организации од земјата и дијаспората го формиравме Кризниот штаб „Македонија-Бојкотира„ кој извојува голема референдумска победа со македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија.

„Македонија-Бојкотира„ водеше исцрпувачка референдумска кампања со посета речиси на секое село и град во Македонија на средби, собири и митинзи со народот. Победата дојде на 30 септември кога народот на референдумот се изјасни дека не сакаат членство во ЕУ и НАТО и промена на името.

Окупациската власт одлучи да не ја почитува народната волја на референдумот и Единствена Македонија ја продолжи битката преку „Македонија-Блокира„ како продолжение на „Македонија-Бојкотира„. Во „Македонија-Блкокира„ се здруживме 84 организации од земјата и дијаспората, сплотени и единствени да се бориме до крај, да останеме свои на своето и оваа битка во моментот се уште трае.

Со ваквата ориентација продолжуваме и во новата 2019 година давајќи го максимумот за унитарна, подобра и поуспешна Македонија со своето вековно име - Република Македонија.

На партиски план Единствена Македонија промовираше еден поинаков модел за иднината на Македонија што подразбира дека светот не завршува во Брисел и Вашингтон.

Понудивме алтернатива за сојуз со Русија и Евроазиската економска унија каде припаѓа иднината на светот и каде не не условуваат со промена на името и идентитетот.

Оваа наша определба наидува на голема подршка заради што марионетската власт во Скопје во спрега со високи дипломатски и политички претставници од ЕУ, НАТО и САД започнаа специјална војна против Единствена Македонија.

Меѓутоа, колку и да е голем растежот на Единствена Македонија ние мора да ја одбраниме Македонија имајќи ја предвид простата вистина дека доколку се растури државата сите ќе не затрупа во неа. Што ќе ни е партијата ако ја изгубиме државата!?

Почитувани,

Годината што измина сите сакаме што побргу да ја заборавиме, а и во годината што доаѓа Единствена Македонија останува на првата линија во одбрана на националните и државните интереси.

Цел свет гледа дека Македонците се цврсто решени да го спречат геноцидот врз македонскиот народ. Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето.

Едно е јасно. Оваа битка можеме да ја добиеме само сплотени и единствени како Македонци оти ова не е битка за поединци, лидери или за власт, се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е исправна, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи.

На крајот Ви посакувам Среќна нова 2019 година со многу желби за многу среќа и добро здравје.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 31 декември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вести 24

Скопје 1

Центар

24 Инфо

Тајм

Вести

Дејли

Грид