“Македонија-Блокира„ денес, сабота, на блокади во 40 општини низ Македонија


30.12.2018 | 14:23:48 | Соопштенија


“Македонија-Блокира„ денес, сабота, на блокади во 40 општини низ Македонија

„Македонија-Блокира“ согласно утврдените активности за блокади и протести и во внатрешноста на земјата, денес, сабота, ќе блокира и протестира против уставните измени во 40 општини низ Македонија во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Блокадите се уредно пријавени во МВР.

„Македонија- Блокира„ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско.

Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид - Струга и Кичево Охрид кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија-Блокира“ продолжуваат до финалната одлука - или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи.

Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 29 декември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Фокус

Нетпрес

Економски

Актуелно 24

Точка

Курир

МКД

Прес 24

Весник

Вечер

Макпрес

Вести 24

Опсервер

Скопје 1

Тајм

Вести

Дејли

Грид