Ти благодариме Џес Бејли за признанието дека судството и марионетската власт биле твои подрачни единици


27.12.2018 | 16:16:25 | Соопштенија


Ти благодариме Џес Бејли за признанието дека судството и марионетската власт биле твои подрачни единици

Единствена Македонија му благодари на Џес Бејли што на крајот на неговата кариера во Македонија со писмо до судството всушност подсвесно призна дека во Македонија делувал како локален гувернер и дека македонските судови и македонската влада биле подрачни единици на американската амбасада во Скопје.

Џес Бејли се мешаше во внатрешните работи во Македонија и во заднина носеше одлуки во судството, политиката, за време на изборите и најново кога заклучувал пратеници во Собранието за да обезбеди двотретинско мнозинство за уставните промени.

Џејмс Бејли фрли многу пари на Сорос за уништување на македонскиот народ преку марионетската влада во Скопје иако македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Зоран Заев е во силен поход да избрише се што е македонско, а не може да разбере дека се ближи времето кога неговите странски газди од типот на Џес Бејли ќе го фрлат на буништето на историјата како што претходно правеа со Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Никола Груевски... бидејќи употребната вредност на Заев е веќе потрошена, а штом е така неговите странски газди ќе се ослободат од него.

Новата легална власт на Единствена Македонија која ќе работи во интерес на Македонците а не во интерес на странците, доаѓа, и прва задача ќе биде расчистување со националните предавста и конфискација на украденото во бесмилосниот грабеж на народниот имот.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 27 декември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Фокус

Вести 24

Макпрес

24 Инфо

Центар

Тајм

Вести

Дејли

Грид