МИА го допре дното, троши милиони евра народни пари а го лаже народот со невистини информации


24.12.2018 | 10:53:00 | Соопштенија


МИА го допре дното, троши милиони евра народни пари а го лаже народот со невистини информации

Македонската информативна агенција (МИА) која се финансира со буџетски пари од даночните обврзници срамно го навреди народот со ставањето на своите капацитети во функција на марионетската власт во Скопје која сака да избрише се што е македонско.

МИА го допре дното, МИА падна на најниско ниво со лажни информации за вчерашната блокада на патот Кичево - Охрид кај Другово и блокадата на централниот булевар во Кичево, дотолку повеќе, информацијата на МИА беше преземена од повеќе медиуми во Македонија.

МИА информираше за организирано веење руски знамиња на протестите иако такво нешто немаше. Инаку, за нас, веењето руски знамиња не е спорно, но, поводот за секојдневните блокади не е од таков карактер, а се разбира, по повод други соодветни настани со задоволство ќе вееме и руски знамиња. Патем, останува прашањето зошто од МИА нема ниту збор за антимакедонската слика во Кичево и околината кои се преплавени со албански знамиња.

Сето ова МИА го прави со манипулативната фотографија од пред започнување на настанот инфромирајќи дека имало десетина протестанти иако Булеварот во Кичево беше блокиран, не со 10, туку од повеќе од 500 протестанти.

Патем, кога сме кај посетеноста да им ја освежиме селективната меморија на полтроните од МИА дека токму нивниот газда Зоран Заев сеуште го држи светскиот рекорд во посетеност кога на т.н. НАТО-журка во Охрид организирана од СДСМ имаше само еден посетител.

Понеделник, 24 декември 2018 Макпрес

Фотографија од НАТО-журката на СДСМ во Охрид со само еден посетител која го обиколи целиот свет