“Македонија-Блокира„ во недела ќе го блокира патот Кичево - Охрид кај село Другово


22.12.2018 | 19:29:18 | Соопштенија


“Македонија-Блокира„ во недела ќе го блокира патот Кичево - Охрид кај село Другово

„Македонија-Блокира“ утре, недела, 23 декември е на блокада на патниот правец Кичево - Охрид кај Другово во периодот од 13:00 до 15:00 часот во рамките на активностите за протести и блокади и надвор од Скопје.

„Македонија- Блокира„ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско.

Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид - Струга кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија-Блокира“ продолжуваат до финалната одлука - или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи.

Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи.

Скопје, сабота, 22 декември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Пулс 24

Фокус

Весник

Вечер

Вести 24

Лидер

Инфомакс

Република

Тајм

Вести

Дејли

Грид