Мицковски и должи одговор на јавноста кој е неговиот противник - Јанко Бачев или Зоран Заев


22.12.2018 | 12:01:56 | Соопштенија


Мицковски и должи одговор на јавноста кој е неговиот противник - Јанко Бачев или Зоран Заев

Единствена Македонија како дел од „Македонија-Блокира„ изразува загриженост поради штетното однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во семакедонската борба да се спречат уставните измени.

Наместо сплотени и единствени во борбата против марионетската власт во Скопје која сака да избрише се што е македонско, Мицковски отвора фронт против Единствена Македонија.

Познато е дека минатата сабота „Македонија-Блокира„ со прилепските бранители протестираше во Прилеп, по што се највија блокади во Прилеп секоја сабота.

Познато е дека ВМРО-ДПМНЕ околу месец дена маршира секоја среда во Скопје и секоја недела во некој град во Македонија.

Меѓутоа, Мицковски наместо во недела, одеднаш прави неочекуван пресврт и денес, сабота, ќе маршира во Прилеп со цел да ги неутрализира блокадите на „Македонија-Блокира“. Водени од националните и државните интереси и избегнување на паралелизам во Прилеп, ја информираме јавноста дека денес, сабота, „Македонија-Блокира„ нема да блокира во Прилеп во интерес на македонското единство.

Ќе разбере ли Мицковски дека заедничкиот противник е Зоран Заев. Разбира ли Мицковски дека ова не е битка за поединци или лидери, ова е битка за опстанок на цел еден народ.

Мицковски и должи одговор на јавноста, кој е за него противник во борбата за одбрана на македонскиот народ - Јанко Бачев или Зоран Заев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 22 декември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вести 24

Точка

24 Инфо 

Тајм

Вести

Дејли

Грид