“Македонија-Блокира„ го повикува „Бојкотирам уставни измени“ на семакедонско заедничко дејствување


11.11.2018 | 15:49:05 | Соопштенија


“Македонија-Блокира„ го повикува „Бојкотирам уставни измени“ на семакедонско заедничко дејствување

Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на  избори „Македонија-Блокира„ во кој членуваат 84 организации од земјата и дијаспората, го повикува Движењето „Бојкотирам уставни промени, на семакедонско заедничко дејствување, со цел, во овој краток период што преостанува да спречиме промена на уставот и бришење на се што е македонско.

Сега е потребно обединување на македонски оти ова не битка за поединци, лидери или за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците.

Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ. Нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи. Нашата борба е исправна и оваа битка ќе ја решиме со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер.

А1 он

Опсервер

Тајм

Вести

Дејли

Грид