Како судскиот АКМИС систем определи сите што му пресудија на Јане Ченто да бидат немакедонци


03.11.2018 | 23:24:26 | Соопштенија


Како судскиот АКМИС систем определи сите што му пресудија на  Јане Ченто да бидат немакедонци

Големиот македонски патриот Јане Ченто, обвинет за настаните од 27 април во Собранието, останува во темните зандани на „Шутка„.

Вчера, Апелациониот суд ја одби жалбата на Ченто да биде пуштен од притвор иако понуди гаранција во висина о 530.000 евра недвижен имот од седум фамилии.

Да потсетиме, претходно судот ги пушти од притвор речиси сите обвинети за настаните од 27 април и со помали гаранции, вклучително и уценетите пратеници кои не издржаа и гласаа за започнување на уставните измени со кои се брише се што е македонско.

Политичкиот прогон врз Јане Ченто продолжува, во притвор остануваат само Ченто и уставобранителите кои секогаш биле на браникот на Татковината.

Се поставува прашањето, како АКМИС системот за електронска распределба на судските предмети во Апелациониот суд Скопје определи сите да се неМакедонци во случајот на Јане Ченто: Совет во состав од судиите Јани Нича, Сафет Кадрии, Цветанка Периќ, а обвинител е Азис Шаќири!?

Центар за комункации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 4 ноември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Опсервер

Тајм

Вести

Дејли

Грид