Вистината е како шило, врти, врти, ќе избие, не биле руски, туку биле грчки пари од 50 милиони евра за поткуп во Македoнија


25.10.2018 | 17:49:54 | Соопштенија


Вистината е како шило, врти, врти, ќе избие, не биле руски, туку биле грчки пари од 50 милиони евра за поткуп во Македoнија

Зоран Заев очајнички ширеше лаги за руски пари во Македонија надевајќи се дека лажната пропаганда ќе му помогне на референдумот. Лагите на Заев не поминаа. Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните масовно го бојкотираа референдумот на 30 септември.

 

Вистината е како шило. Врти, врти, па ќе излезе на виделина. Вистината е навистина како шило и излезе на виделина. Се виде дека во Македонија немало руски пари, туку имало грчки пари. Им благодариме на грчките министри Панос Каменос и Никос Коѕијас кои на седница на грчката влада обелоденија дека во грчкото министерство за надворешни работи имало таен фонд од 50 милиони евра за купување политичари, новинари и медиуми во Македонија за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

 

И по пет дена од оваа скандалозна информација, целосен молк од власта. Го повикуваме Зоран Заев да каже како и меѓу кого се поделени овие 50 милиони евра во Македонија. Одговорност за грчки пари за купување на политичари, медиуми и новинари во Македонија, мора да има.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 25 октомври 2018

Медиуми: А1 он Макфакс Точка Тајм Вести Дејли Грид