Единствена Македонија до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Издржете, не им било лесно и на Делчев, Карев, Питу Гули, Кузман, Ченто


17.10.2018 | 14:06:18 | Соопштенија


Единствена Македонија до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Издржете, не им било лесно и на Делчев, Карев, Питу Гули, Кузман, Ченто

Единствена Македонија силно верува дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги издржат силните притисоци за да гласаат за уставните измени со што се отвора патот за бришење на се што е македонско.

Ова од причина што, борбата против марионетската власт во Скопје и нивните странски газди  е исправна, ова не е битка за власт, поединци или лидери, сите ние сме небитни, ова е битка за Македонците, битка за Македонија, борба за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија мора да победи.

Впрочем, можел Карев да не се нафати да биде претседател на Крушевската република, можел Питу Гули да не оди на Мечкин Камен, Кузман не морал да ги инспирира партизаните со ВМРО и Илинденците, можел и Ченто да си седи мирен и да ги слуша наредбите од Белград, Делчев и Груев можеле да бидат само учители а не идеолози и револуционери. Ама така ќе ја немаше Македонија.

Единствена Македонија ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да издржат, дотолку повеќе, паѓањето на марионетската власт во Скопје е на повидок. Можат да се закануваат, но, да не дозволиме да ни го скршат духот, оти ако ни го убијат духот ќе ни го убијат и името. Борбата не е лесна, но немаме друт пат.

Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе биде целосна рехабилитација на сите репресирани и изложени на било какви притисоци од ненародната власт, а сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 17 октомври 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Фокус

Точка

Тајм

Вести

Дејли

Грид