(ФОТО) Седница на Централниот комитет на Единствена Македонија: ЦК и сите 62 комитети со силна подршка за Бачев, кодошот Влахов-Мицов беше само лоша епизода во партијата


17.10.2018 | 13:42:52 | Соопштенија


(ФОТО) Седница на Централниот комитет на Единствена Македонија: ЦК и сите 62 комитети со силна подршка за Бачев, кодошот Влахов-Мицов беше само лоша епизода во партијата

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата меѓу два конгреса, денес, недела, 14 октомври 2018 на редовната седница во Скопје разгледа и донесе одлуки за повеќе прашања од својата надлежност.

Централниот комитет на Единствена Македонија го усвои Извештајот на Кризниот штаб против референдумот „Македонија - Бојкотира„ кој беше презентиран пред членовите на ЦК. Исто така, Централниот комитет силно ја поздрави големата референдумска победа на Кризниот штаб „Македонија - Бојкотира“, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија против марионетската власт во Скопје. 

Централниот комитет на Единствена Македонија едногласно го усвои предлогот на Извршниот комитет за исклучување на досегашниот заменик претседател Стефан Влахов Мицов поради дејствување на начин кој не одговара на неговиот политички статус во партијата што подразбира негова соработка со македонската тајна служба за растурање на партијата, смислено растурање на договорот за заедничко референдумско настапување со Глас за Македонија, Трета македонска партија и Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, прикривање и присвојување на парични средства од Австралија кои биле пуштени на негова сметка за целите на референдумската кампања, оцрнување на идејата за сојуз со Русија која народот почна масовно да ја прифаќа во смисла на нашата определба како партија да прикажеме еден нов светски модел, дека светот не завршува во Брисел и Вашингтон, дека има други алтернативи и дека има сојузи во светот кои не бараат промена на името и идентитетот и сето тоа народот постепено да го осознава и апсолвира оти факт е дека ние живееме 27 години во една брутална пропаганда за НАТО и ЕУ.

Наместо ова, Влахов-Мицов на средбите по комитетите и со граѓаните смислено даваше манипулативни очекувања дека набргу ќе дојдат руските тенкови и авиони кои биле во Србија, ќе дојдат многу пари од Русија, ќе дојдат околу 10.000 илјади доброволци од Русија кои биле на боиштата во Украина и ќе прават преврат и слични небулози, се залагаше партијата да не ги подржува и да не излегува на протестите пред Собранието во месец јуни, да се чека до септември кога ќе започнала Третата светска војна, но, септември дојде и помина, се залагаше за донесување на одлука за воено крило во партијата иако партиите немаат такви можности, но, сега станува јасно дека тоа било со цел тајната служба да има легална основа да го испоапси раководтството на партијата, се противеше партијата да нема секојдневни реакции со соопштенија и прес конференции на владините политики со што извршувал задача партијата да биде што помалку активна....

Притоа, Централниот комитет и сите 62 комитети на партијата (52 во земјата и 10 во дијаспората) акламативно дадоа целосна подршка на политиките на Извршниот комитет и претседателот Бачев и  ги овласти да го продолжат процесот кој го започна Единствена Македонија, решително, храбро и во интерес на народот.

Централниот комитет на НДМ изразува целосна подготвеност за учество на партијата на предвремени парламентарни избори во секое време кога и да се одржат. Во овој контекст беше донесена одлука за закупување на 17 нови општински канцеларии, со што, со постојните општински штабови на партијата се покрива речиси целата територија на Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 14 октомври 2018 Медиуми: А1 он Макфакс ТВ 21 Фокус Фактор Либертас Актуелно 24 Весник Вечер Опсервер Тајм Вести Дејли Грид