(ВИДЕО) Заев ја срами Македонија, трговија со слободата на уставобранителите за уставни измени е антимакедонски чин


16.10.2018 | 19:03:43 | Соопштенија


(ВИДЕО) Заев ја срами Македонија, трговија со слободата на уставобранителите за уставни измени е антимакедонски чин

Прес конференција, Единствена Македонија Драган Угриновски, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија Скопје, вторник, 16 октомври 2018

Почитувани,

Зоран Заев продолжува со секој свој чекор, со секоја своја изјава да ја срами Македонија и македонскиот народ.

Вчерашната изјава на Заев за амнестија за лицата учесници во настаните од 27 април во Собранието, во замена за гласање за уставните измени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ја потресе македонската јавност.

Зоран Заев испорача политичка цена која треба да се плати за слободата на уставобранителите.

https://www.facebook.com/EdinstvenaMAKEDONIA/videos/283896949127336/

Со оваа срамна изјава Заев се обидува да го урне патриотизмот и личниот интегритет и дигнитет на уставобранителите и нивната бескрајна лојалност и љубов спрема Македонија да ја сведе на трговија со човечки судбини во замена за изгласувањето на уставните измени.

За Единствена Македонија и македонскиот народ, овој непримерен пазар на Заев со уставобранителите и другите обвинети, е недозволив и неприфатлив.

Зоран Заев со вчерашното барање за амнестија, на своевиден начин го призна тоа што го знае целата јавност дека нема вина кај уставобранителите и другите обвинети и дека всушност станува збор за наменски случај кој треба да послужи за пазарење во Собранието меѓу власта и опозицијата.

Со вчерашното своевидно признание на Заев дека нема вина кај уставобранителите, всушност, власта покажа колку гревови имаат направено и со колку човечки судбини си играат од власта. Гревови со толкава злоба, без човечки чувства и емоции спрема уставобранителите и нивните семејства, кои се изложени на разни тортури, понижувања, уцени и слично.

Како илустрација на ова, само неколку случаи. На еден уставобранител му се раѓа дете, додека е во притвор, сеуште го нема земено во раце. На друг уставобранител, сопругата има тешко заболување, истата заминува на операција, со ништо не може да и помогне. На трет уставобранител пред да биде притворен му починува детето, не може да направи помен и неможе да запали свеќа.И многу други судбини кои се знаат и незнаат а ги имаат уставобранителите!

Зоран Заев да не си игра со трпението на народот и затоа власта треба веднаш да престане со овој политички прогон и судските постапки веднаш да запрат.

За Единствена Македонија нема дилема. Нема потреба од оваа антимакедонска трговија на Заев која подразбирада продажба на државата за слобода на уставобранителите, од причина што, крајот на марионетската власт во Скопје е на повидок.

Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија ќе биде слобода за уставобранителите и другите обвинети за настаните од 27 април во Собранието.

Знаеме и потполно сочуствуваме со тешката состојба на уставобранителите кои се притворени во занданите на Шуто Оризари, но, нека се стрпат, доаѓа новата народна власт.

Единствена Македонија и македонскиот народ никогаш нема да ја заборават жртвата на уставобранителите, на храбрите Македонци кои цела држава ги знае по нивниот патритоизам спрема Македонија.

Сега на сите ни е јасно дека марионетската влада во Скопје е најголем непријател на македонската држава. Ова мора да престане.

Единствена Македонија ќе победи на наредните регуларни избори и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 16 октомври 2018 А1 он Макфакс Тајм Вести Дејли Грид