Кој пратеник од ВМРО-ДПМНМЕ ќе гласа за промена на уставот, нема да стигне ниту до границата при обидот за бегство од државата


02.10.2018 | 16:27:22 | Соопштенија


Кој пратеник од ВМРО-ДПМНМЕ ќе гласа за промена на уставот, нема да стигне ниту до границата при обидот за бегство од државата

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија на референдумот во неделата јасно порачаа дека не сакаат членство во НАТО и дека не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Ги потсетуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сега ја имаат историската одговорност за Македонија и Македонците дека немаат мандат од македонскиот народ за негово обезличување и дека спорот за името не е прашање на една пратеничка група или на една партија, туку на македонскиот народ.

Единствена Македонија ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не се плашат од заканите и притисоците од марионетската власт бидејќи власта ќе нема време да ги оствари оти по 30 септември почнува процесот на паѓање на ненародната власт во Скопје.

Исто така, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да одолеат на големите искушенија за поткуп и купување каде во игра биле и по 2 милиони евра по пратеник оти нема такви пари со кои може да се купи светото македонско име.

Единствена Македонија располага со сознанија дека доколку било кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се согласи на промена на Уставот и бришење на вековното македонско име, во такво случај нема да успеат да стигнат ниту до државната граница при нивниот обид за бегство од Република Македонија.

Единствена Македонија потсетува дека доаѓа новата народна легална власт која ќе расчисти со националните предавници и ќе изврши ревизија и конфискација на украденото од позиција на власт во изминатите 27 години во кои се украдени околу 15 милијарди евра.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 2 октомври 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Нова ТВ

Фокус

Точка

Центар

Тајм

Вести

Дејли

Грид