Голема референдумска победа на „Македонија Бојкотира„ и народот против марионетската власт во Скопје


01.10.2018 | 13:53:55 | Соопштенија


Голема референдумска победа на „Македонија Бојкотира„ и народот против марионетската власт во Скопје

Кризниот штаб против референдумот „Македонија Бојкотира“, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија вчера и нанесоа силен референдумски пораз на марионетската власт во Скопје купена и контролирана од странски центар.

Поразот за власта е уште поголем ако се знае дека Кризниот штаб „Македонија Бојкотира„ во исцрпувачката 20-дневна кампања на терен со скромни ресурси го победи силниот противник како што беше марионетската власт и нејзините странски газди од НАТО САД, ЕУ како и скапата референдумска кампања во милиони евра.

Кризниот штаб „Македонија Бојкотира„ македонскиот народ и поглем дел од граѓаните ја извојуваа победата оти наспроти силата и парите на марионетската власт и нејзините странски ментори го имаа најсилниот и нескршливиот аргумент кој не се купува со никакви пари: македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО и промена на светото македонско име, идентитет, историја и традицијата на македонскиот народ.

Кризниот штаб против референдумот „Македонија - Бојкотира„ му честита на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на историски храбрата одлука да го браниме името како прашање од највисок национален интерес за Македонија и Македонците со цел како Македонци да бидеме свои на своето.

Истовремено, по 30 септември, процесот на паѓање на ненародната власт, кој започна храбро, решително и во интерес на народот, ништо повеќе не може да го сопре.

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот Скопје, понеделник, 1 октомври 2018

Медиуми:

">ТВ Русија 24

А1 он

Макфакс

Вечер

Весник

Точка

Тајм

Вести

Дејли

Грид