(ФОТО) „Македонија - Бојкотира„ од Драчево, Кисела Вода и Аеродром: Референдумот нема да успее


27.09.2018 | 09:08:37 | Соопштенија


(ФОТО) „Македонија - Бојкотира„ од Драчево, Кисела Вода и Аеродром: Референдумот нема да успее

Караванот на Кризниот штаб против референдумот во рамките на кампањата „Македонија-бојкотира„ имаше митинзи во Драчево, Кисела Вода и Аеродром.

Општ впечаток на средбите беше дека Македонија мора да се одбрани од пучистичката власт во Скопје купена и контролирана од странски центар и дека граѓаните масовно ќе бојкотираат и нема да излезат на референдумот. Граѓаните изразија голем револт од капитулантскиот и штетен договор со Грција за промена на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ.

Скапо платената кампања на марионетската влада во милиони евра народни пари од буџетот само служи за потсмев. Заев најбезобразно лаже дека малтене на Табановце чекаат милијарди евра од ЕУ и само се чека да го смениме името и големи пари ќе нагрнат во Македонија и сите ќе биде среќни и богати. Една голема лага.

Ние водиме голема битка која не е лесна, но немаме друг пат. Не им било лесно и нашите претци. Можел и Татарчев да не прифати да биде на чело на ВМРО, можел и Питу Гули да не оди на Мечкин Камен, Кузман не морал да ги инспирира партизаните со ВМРО и Илинденците, Делчев и, Груев можеле да бидат само учители а не идеолози и револуционери. Ама така ќе ја немаше Македонија. Не може човек да одлучи само кога ќе се роди. Се друго е одлука. А нашата одлука е да се бориме.

Во Службата за државна безбедност заведена е линија македонски екстремизам во која не следат, прислушкуваат ни се закнауваат со апсења. Тоа не не плаши, само да не дозволиме духот да ни го скршат. Ако ни го убијат духот, ќе ни го убијат и името.

Македонскиот народ во државата и во дијаспората и поголем дел од граѓаните во Република Македонија се определуваат за бојкот и не излегување на референдумот. Сега ни треба сплотеност и единство. Ова не е битка на индивидуалци и лидери, сите ние сме небитни, ова е битка за Македонија, за опстојување на цел еден народ. Македонија ќе победи, влогот е голем, да и порачаме на марионетската власт дека нема да успее во походот за уништување на се што е македонско. Тие фрлаат големи пари, имаат подршка од белосветските дипломатски и политички битанги, но, народот ќе победи оти го има најсилниот аргумет: не сакаме членство во НАТО и ЕУ, не сакаме промена на идентитетот и името, сакаме да останеме свои на своето. Сите заедно, старо и младо, машко и женско се креваме да ја одбраниме Татковината, нашата борба е света должност - беше речено меѓудругото од говорниците Драган Угриновски координатор на Кризниот штаб, Бора Ристич од српската заедница, Ефтим Клетников од Македонскиот манифест и лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот Скопје, вторник, 25 септември 2018

Медиуми: А1 он Макфакс Точка Пост Грид Вести