(ФОТО) Владиката Агатангел повика на бојкот за ререферендумот


25.09.2018 | 06:36:30 | Соопштенија


(ФОТО) Владиката Агатангел повика на бојкот за ререферендумот

Караванот на Кризниот штаб против референдумот во рамките на кампањата „Македонија - Бојкотира„ денес, недела, 23.09.2018 присуствуваше на на божествена света литургија во црквата 'Св.Кирил и Методиј' во Велес каде Повардарскиот митрополит на МПЦ-ОА, Агатангел ги повика верниците на бојкот за претстојниот референдум на 30 Септември. Владиката Агатангел смета дека реализиацијата на договорот од Преспа ќе значи промена на македонскиот идентитет.

– Лага е дека ќе бидеме изолирани, отфрлени и напуштени. Напредокот и просперитетот никој нема да ни го даде ако ние самите за нив не се избориме. Потребно е да градиме вредности кои ќе го унапредуваат нашиот секојдневен живот. Европа нема да ни даде на подарок уредена држава. Тоа е наша обврска и одговорност. Менувањето на името на државата е туѓ интерес, а никако наша потреба.

- На 30-ти септември да бојкотираме. Да си останеме дома, да ја пуштиме Васка Илиева и да ги пееме нашите македонски песни. Само така ќе може да го зачуваме своето достоинство и на 1-ви октомври да излеземе со гордо кренати глави . Да се бара промена на име е најголемата жртва што може да ја даде еден народ. Голготата на македонскиот народ почна со Тиранскиот договор, а изминатиот месец дозволивме многу мисионери да ни го труат умот. По 30 - септември македонскиот народ ке добие камшици по своите грбови. Ќе немаме македонска армија, македонска академија на науки, а внуците ке се срамат од своите дедовци бидејки од Македонци, дозволиле да се прекрстиме во северномакедонци. На многу верници им било забрането да дојдат на литургијата, а им се заканувале и со бркање од работа“. Затоа ги повикам верниците на бојкот за претстојниот референдум на 30 Септември“ - рече меѓудругото владиката Агатангел.

Како што е познато, со Караванот секојдневно има по неколку странски новинарски куќи кои известуваат за активностите на „Македонија - Бојкотира“. Денес со нас е новинарска екипа на 'Дојче веле' за која изјави дадоа координаторот на Кризниот штаб Драган Угриновски и претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

Центар за комуникации на Кризниот штаб проив референдумот Скопје, недела, 23 септември 2018