„Македонија Бојкотира„ во Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево, Виница и Кочани


17.09.2018 | 21:06:45 | Соопштенија


„Македонија Бојкотира„ во Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево, Виница и Кочани

Караванот на Кризниот штаб против референдумот вчера во рамките на кампањата „Македонија-бојкотира„ одржа повеќе средби со граѓани, трибини и собири во општините Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево, Виница и Кочани. На средбите граѓаните мавоно се определуваат за бојкот и неизлегување на референдумот на 30 септември и одлучно кажуваат НЕ на капитулантскиот договор со Грција за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Координаторот на Кризниот штаб против референдумот Драган Угриновски ги повика граѓаните да не се плашат од заканите и притисоците на пучистичката власт во Скопје. - „Како учесник во Татковинската војна во 2001 година и како официр кој целиот работен век го помина во Армијата, сакам силно да ве уверам дека сплотени и здружени како Македонци овојпат ќе успееме да ја одбраниме Татковината од сите обиди за рушење на Македонија и Македонците.

-Видовте како маршот на СДСМ во Скопје пред седиштето на ЕУ се претвори во голем срам и навреда за македонскиот народ. Македонци од различни места му аплаудираа на говорникот Талат Џафери против кого војував и кој пукаше на македонските војници.

-Секој ден сме низ Македонија и сакам да ви ја пренесам пораката од народот дека е цврсто решен да го одбраниме името и идентитетот. Ве уверувам дека Македонија ќе победи, Македонија на Македонците“ - истакна меѓудругото Угриновски.

Лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој е дел од Кризниот штаб против референдумот составен од повеќе од 70 организации повика на бојкот и неизлегување на референдумот и на тој начин на 30 септември да ја сочуваме македонска Македонија. - „Веќе е јасно дека референдумот нема да успее и затоа секојдневно шират популистички лаги дека чекаат милијарди евра од ЕУ да дојдат во Македонија, бесплатно здравство и образование за Македонците во земјите членки на ЕУ.

-Не и верувајте на марионетската власт во Скопје оти животот дојде само за врхушката на власт и за нивните бизниси и тие сакаат членство во НАТО оти НАТО им го гарантира украденото на сите оние што извршија грабеж на народот. НАТО не го интересира грабежот, туку само сака послушни политичари кои ќе му служат верно. Слушаме за закани кон граѓаните, но, не им се плашите оти после неуспешниот референдум ќе падне марионетската влада во Скопје и тие ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат.

-Можат да не следат, прислушкуваат, да ни се закануваат со апсења, но, да не дозволиме да ни го скршат духот, оти ако ни го убијат духот ќе ни го убијат и името. Затоа, сите заедно на нозе се креваме да спречиме да се избрише се што е македонско. Нашата борба е исправна, ова не е битка за поединци, лидери или за власт, ние се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“ - рече меѓудругото Бачев.

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот Скопје, понеделник, 17 септември 2018

Медиуми:

А1 онМакфаксТочкаНезависенМакпрес; Делчево 365; Брегалнички; ТВ 24 вестиТајмВестиДејлиГрид