Извини Џејмс, морално е, овојпат македонскиот народ ќе победи


17.09.2018 | 17:14:50 | Соопштенија


Извини Џејмс, морално е, овојпат македонскиот народ ќе победи

Единствена Македонија е силно изненадена од непознавањето на состојбите во Македонија од страна на државниот секретар на САД, Џејмс Матис, во врска со референдумот на 30 септември.

За кое руско влијание и за кои руски пари зборува Џејмс Матис кога 27 години Македонија е заложник на погубното влијание на НАТО земјите и силните пари во стотици милиони евра на ЦИА, Сорос со кои во изминатите 27 години се купуваат и контролираат властите во Македонија за да служат верно.

Единствена Македонија сочустувува со непријатната ситуација во која е Матис, бидејќи, во скоро време ќе треба да се прифати реалноста дека македонскиот народ не сака да се самоукине и да биде избришан од светската мапа на нации.

Џејмс, извини, ама морално е, прифатете ја реалноста дека овојпат македонскиот народ ќе ве победи, што подразбира дека македонскиот народ сака да остане свој на своето и затоа референдумот нема да успее, народот масовно ќе бојкотира и нема да излезе да гласа.

Џејмс, без оглед на фактот што претставувате силен противник кој досега фрли многу пари за уништување на македонскиот народ, овојпат сплотени сме како Македонци, влогот е голем, ова е света борба на сите нас за опстанок на цел еден народ и затоа оваа битка ќе ја добиеме поради нескршливиот аргумент: македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО, не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 17 септември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Светски новости

Тајм

Дејли

Вести

Грид