Средба Бачев-Петерсен: Овој пат ќе ве победиме оти ова е света борба за опстанок на цел еден народ


16.09.2018 | 22:27:43 | Соопштенија


Средба Бачев-Петерсен: Овој пат ќе ве победиме оти ова е света борба за опстанок на цел еден народ

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, придружуван од членовите на Извршнот комитет Драган Угриновски и Ацо Николовски, оствари средба со Јан Петерсен, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР на претстојниот референдум.

На средбата по барање на амбасадорот Петерсен се дискутираше за референдумот на 30 септември, договорот со Грција за менување на името, идентитетот јазикот и историјата на македонскиот народ  како и за општата ситуација во земјата.

Бачев го информираше Петерсон дека е свесен за дометот и можноститена ОБСЕ/ОДИХР како наменска институција за потребите на својот странски ментор која со години пишува наменски извештаји, воглавно, тоа се исти пишани страници наредени на компјутери по одреден терк во кои само се менуваат датумите на изготвувањето. Всушност, на своевиден начин тоа го потврдува и самото ОБСЕ/ОДИХР која од една страна промовира демократија, владеење на правото, човекови права а од друга страна самиот референдум е дефектен во старт како спротивен на меѓународното право, според кое, секоја држава има право на самопределување и меѓународно правно признато право да носи име по сопствен избор и договорањето за име претставува недозволен предмет на меѓународен договор. Каде е тука демократијата и заштитата на човековите права, за што амбасадорот Петерсен немаше одговор.

Притоа Бачев потенцираше дека покрај странците, сериозен проблем претставуваат марионетските власти во Република Македонија кои 27 години се купени и контролирани од ист центар за рушење на Македонија и македонскиот народ.

Во однос на референдумот, Бачев истакна дека Кризниот штаб против референудмот кој е составен од преку 70 организации и настапува под слоганот „Македонија-бојкотира„ е секојдневно со специјално брендиран автобус на средби и митинзи низ државата каде се делат 1 милион флаери. Нашата борба е на терен бидејќи клучните телевизии се под целосна контрола на Зоран Заев и немаме никаков пристап. Меѓутоа, без оглед на ова на 30 септември ќе ја сочуваме македонска Македонија. Марионетската власт во Скопје е во очај и паника оти референдумот нема да успее, нема да им помогнат ниту секојдневните доаѓања на политичари и дипломати од Брисел и Вашингтон кои најдиректно ја кршат Виенската конвенција за дипломатски односи, меѓутоа, свесни сме дека вие како ОБСЕ/ОДИХР не смеете да го напишете ова во вашиот извештај, посочил Бачев.

На средбата од ОБСЕ/ОДИХР пројавија интерес како се финасира кампањата на Кризниот штаб против референдумот на што беше одговорено дека помошта доаѓа од нашите браќа Македонци и сестри Македонки кои работата и живеат во странство. На прашањето на претседателот Бачев дали ОБСЕ/ОДИХР го има прашано Заев како ја финансира антимакедонската кампања во милиони евра, немаше одговор.

Бачев јасно и категорички побара од амбасадорот Петерсен кога ќе го пишува извештајот, но не оној за сцената, туку оној зад сцената, да пренесе дека без оглед што претсавуваат силен противник кој фрла многу пари за уништување на македонскиот народ, овојпат ќе ги победиме, сплотени сме како Македонци, влогот е голем, ова е света борба на сите нас за опстанок на цел еден народ и затоа оваа битка ќе ја добиеме поради нескршливиот аргумент: македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО, промена на името, идентитетот,

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 14 септември 2018

Медиуми:

А1 он

ТВ Канал 5

ТВ 21

Фактор

Опсервер

Тајм

Вести

Грид