(ФОТО) Кризен штаб против референдумот во Кавадарци: Светот гледа дека Македонците масовно ќе бојкотираат


10.09.2018 | 15:43:03 | Соопштенија


(ФОТО) Кризен штаб против референдумот во Кавадарци: Светот гледа дека Македонците масовно ќе бојкотираат

Караванот на Кризниот штаб против референдумот синоќа имаше средби со граѓаните во општина Кавадарци. На средбите граѓаните масовно порачаа дека со бојкот ќе го спречиме бришењето на се што е македонско и дека никој не може да ни го промени името и идентитетот. Капитулантскиот и штетен договор со Грција за промена на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ, нема да помине бидејќи народот масовно нема да излезе на референдумот и ќе бојкотира. Цел свет гледа дека Македонците се цврсто решени по секоја цена да го спречат геноцидот врз македонскиот народ. Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето. После неуспешниот референдум ќе падне марионетската влада во Скопје и тие ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат на терен спрема граѓаните да излезат на гласање. Ова не е борба на партии или лидери, ова е борба за Македонија. Нашата борба е исправна, ние се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, ние се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи беше истакнато на средбите.

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот Скопје, понеделник, 10 септември 2018 Медиуми: А1 он Макфакс ТВ Канал 5 ТВ 21 Вечер прес Плусинфо Стандард Макпрес Вести Дејли Грид