Лажни анкети за лажна надеж како алиби за поразот на пучистичката влада што следи


07.09.2018 | 14:28:18 | Соопштенија


Лажни анкети за лажна надеж како алиби за поразот на пучистичката влада што следи

Платениците Атанас Кировски од телевизијата Телма, Џавбир Дерала од Цивил, Александар Кржаловски од МЦМЦ и агенцијата М - проспект зачестија со лажните анкети за референдумот како обид за креирање лажна предреферндумска кампања за наводно големо гласање ЗА на референдумот.

Агенцијата М - проспект спроведува анкети по нарачка на ТВ Телма, Цивил и МЦМС  кои се под комплетно управување на СДСМ и странски центар. Со вакви анкети всушност се почнува градењето на случај за игнорирање на резултатите од неуспешниот референдум и потребата од уставни промени преку наводно купување на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за потребното двотретинско мнозинство во Собранието, но, овој пат заради препознатливиот начин на работа на овие платеници, објавата на анкетите и резултатите се само тема за јавен потсмев.

Дури, народот се прашува, озбилно ли ќе се пласираат анкети од агенцијата М-проспект која е во служба на СДСМ уште додека беа во опозиција, а Заев своевремено на двапати има добиено наменска награда од нив за таканаречен најуспешен менаџер во југоисточна Европа.

Марионетската власт во Скопје мора да е во очај штом со лажни анкети започнува со специјална војна пред референдумот на 30 септември.

Бојкотот на референдумот ништо повеќе не може да го спречи. Процесот е тргнат, храбро, решително и во интерес на народот, бидејќи, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат Македонците да бидат избришани од светската мапа на нации.