Како Заев и Мицковски станаа богати капиталисти а Македонија не е членка на ЕУ и НАТО


02.09.2018 | 13:36:59 | Соопштенија


Како Заев и Мицковски станаа богати капиталисти а Македонија не е членка на ЕУ и НАТО

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во вчерашните меѓупартиски препукувања продолжија со бесрамните лаги дека Македонија нема алтернатива за НАТО и ЕУ и дека штом Македонија ќе влегла во НАТО и ЕУ ќе потече мед и млеко, ќе дошле многу пари од странските фондови, ќе нагрнале странски инвестиции, младите ќе биле вработени, ќе процветале домашните бизниси, со еден збор ќе имало благосостојба.

Единствена Македонија ги прашува Мицковски и Заев како створија богат живот за себе и натрупаа богатства во држава како Македонија која не е членка на НАТО и ЕУ!?

Единствена Македонија постојано повторува дека народот не сака членство во НАТО и ЕУ, туку тоа го сакаат само купените и корумпирани политичари од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за чие владеење во изминатите 27 години се украдени повеќе од 15 милијарди евра.

Сега е јасно и зошто. НАТО и ЕУ го гарантираат криминалот на инсталираните власти во Скопје, а кои за возврат послушно ги  спроведуваат нивните погубни политики за рушење на Македонија и Македонците. НАТО и ЕУ се само параван за ненародните власти во изминатите 27 години во нивниот поход за бесмилосен грабеж на народниот имот.

Впрочем, со Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ од 2001 година, македонските бизнисмени можат слободно да работат со фирми од земјите членки на ЕУ, но проблемот е што македонските бизисмени ги бива за работа само од Табановце до Гевеглија во спрега со власта за добивање на тендери.

Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија ќе биде одговорност и конфискација на стекнатото богатство од позиција на власт.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 2 септември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Фокус

Точка

Тајм

Вести Дејли

Грид