Единствена Македонија до пучистичката влада: Џабе ги вклучувате и белосветските дипломатски битанги, референдумот нема да успее


30.08.2018 | 17:41:29 | Соопштенија


Единствена Македонија до пучистичката влада: Џабе ги вклучувате и белосветските дипломатски битанги, референдумот нема да успее

Пучистичката власт во Скопје е во целосен очај и паника бидејќи знае дека македонскиот народ и поголем дел од граѓаните нема да излезат на референдумот и ќе бојкотираат со цел да спречат бришење на Македонците од светската мапа на нации.

Најново, вчера видовме најава за брутално кршење на дипломатското право од страна на амбасадорите на земјите членки на ЕУ кои отворено најавија дека од први септември на терен ќе водат референдумска кампања со веќе познатите шарени лаги дека членството во геноцидните и фашистичките организации ЕУ и НАТО значи дека во Македонија ќе протече мед и млеко и сите во Македонија ќе станат богати и ќе уживаат во благосостојба.

Според Виенската конвенција за дипломатски односи, ваквото отворено мешање на амбасадорите во внатрешните работи, во секоја нормална држава веднаш се санкционира со нивнот протерување од државата каде ја вршат дипломатската функција.

Инсталираната влада во Скопје покрај трошењето на милиони евра народни пари во кампањата, ќе ги вклучи и белосветските дипломатски битанги во обидот да избришат се што е македонско, меѓутоа, македонскиот народ ќе ја добие оваа битка оти во своите раце го има најсилниот аргумет: не сака промена на име, идентитет и членство во НАТО и ЕУ и сака да остане свој на своето.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 30 август 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Светски новости

Тајм

Вести

Дејли

Грид