Кризниот штаб против референдумот: Спасовски призна дека нѐ следи, треба да одговара


25.08.2018 | 19:36:04 | Соопштенија


Кризниот штаб против референдумот: Спасовски призна дека нѐ следи, треба да одговара

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашното интервју за Македонската информативна агенција призна дека МВР и надлежните служби ги следат противниците на референдумот.

Ова е скандал сам по себе да се следат од МВР неистомислениците од Кризниот штаб против референдумот иако плурализмот е една од темелните вредности во Уставот на Република Македонија.

Да се нареди полициска опсервација што значи следење и прислушување само затоа што македонскиот народ и поголем дел од граѓаните нема да излезат и ќе го бојкотираат референдумот на 30 септември, нема основа во Уставот и законите на Република Македонија.

Оливер Спасовски уште еднаш го погази Уставот. Очајничкиот обид на Спасовски со противуставно следење и прислушување да ја исклучи алтернативата за бојкот на референдумот и секој кој размислува различно од пучистичката власт, нема да успее.

За кршењето на Уставот со полициското следење на бојкотирачите на референдумот, одговорност мора да има.

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот Скопје, сабота, 25 август 2018

Медиуми:

А1 он

Плусинфо

Либертас

МКД

Стандард

Фокус

Прес 24

ТВ 24вести

ТВ Канал 5

Тајм

Вести

Грид

Реакција од МВР

А1 он

Фактор

Независен весник

МКД

Либертас

Локално

Стандард

Експрес

Радио Слободна Европа

Цивил медиа

ТВ Канал 5

ТВ 24вести