Кадровската комисија на марионетската влада е кадија те тужи кадија те суди


15.08.2018 | 18:21:21 | Соопштенија


Кадровската комисија на марионетската влада е кадија те тужи кадија те суди

Комисијата за кадровски прашања на марионетската влада која дава предлози за разрешување на владини функционери налик на последното разрешување на директорот на БЈБ во МВР, слободно може да се каже дека е институција во која „кадија те тужи кадија те суди“.

Во Комисијата од т.н. македонски дел членуваат Кочо Анѓушев и Венко Филипче кои беа фатени на дело како само за 10 дена крадат 45 милиони евра народни пари со криминалната распределба на Фондот за иновации и крвавиот тендер на Министерството за здравство, додека од т.н. албански дел членуваат Хазби Лика и Садула Дураку кои своверемено како градоначалници и министри се вмешани во криминал во општините Тетово и Липково и проневера на милиони евра од министерството за земјоделие.

Настрана криминалните аспекти, во секоја нормална држава овие владини функционери-министри веднаш би биле разрешени најмалку од морални причини, меѓутоа, разрешување нема од оправдани причини: Кочо, Венко, Садула и Хазби се членови на Комисијата за кадровски прашања и треба самите да дадат предлог за разрешување. Засега на Зоран Заев не му паѓа на памет да побара нов состав на владината кадровска комисија.

Граѓаните наивно очекувале Комисијата на марионетскта влада за кадровски прашања да предлага разрешување на сите функционери кои нечесно си ја вршат функцијата. Па, тогаш, кој ќе краде народни пари од државниот буџет?

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 15 август 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Центар

Медиа 24

Тајм

Дејли

Вести

Грид