Со охридскиот договор се брише македонската држава, со преспанскиот договор се брише македонскиот народ


13.08.2018 | 14:12:04 | Соопштенија


Со охридскиот договор се брише македонската држава, со преспанскиот договор се брише македонскиот народ

На денешен ден, 13-август 2001 е потпишан капитулантскиот охридски договор со кој Македонија е претворена во некаква збирштина на заедници - македонска, албанска, турска, влашка, српска, бошњачка, ромска и други заедници (хрватска, египетска...), и на тој начин само Македонците останаа без своја национална држава.

Охридскиот договор и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест. Со овој договор и фалсификуванит попис во 2002 со која Албанците беа лажно претставени дека се 25,17 отсто, Албанците во Македонија добија практично се, а Македонците премногу изгубија.

Охридскиот договор не е резултат на неспособноста на македонските безбедносни сили кои можеа да ги решат во секое време терористите од ОНА, туку е резултат на политички сценарија и македонско предавничко раководство во т.н. широка влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во 2001 година, залудено единствено од лична промоција и желбата за слава и профит.

Седумнаесет години подоцна повторно имаме инсталирана власт од странски центар во обидот со нов преспански договор да го избрише македонскиот народ со промена на вековното македонско име и идентитет.

Првата задача на новата легална власт на Единствена Македонија е поништување на сите антидржавни и антимакедонски договори од 1991 и конституирање на Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право. Така е во сите современи држави чии устави содржат референца за мнозинскиот народ!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 13 август 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Вечер прес

Тајм

Дејли

Вести

Грид