Заев е во паника штом ги вклучи во референдумска кампања и белосветските битанги од групата Охрид


07.08.2018 | 18:19:18 | Соопштенија


Заев е во паника штом ги вклучи во референдумска кампања и белосветските битанги од групата Охрид

Единствена Македонија силно го осудува наменското инволивирање во референдумот на актуелни и поранешни функционери собрани во т.н. група „Охрид“, Џорџ Робертсон, Хавиер Солана, Карл Билд, Росен Плевнелиев, Ален Ле Роа, Волфанг Ишингер, Кристофер Гајд, Роберт Гелбард, Дајмонд Вилсон и Зоран Чичак, кои со заканувачка покана „Сега или никогаш“ повикаа народот да гласа „ЗА„ на референдумот за промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Залуден е обидот на овие белосветски битанги кои на еден или друг начин се поврзани со рушењето на Македонија и Македонците, посебно преку капитулантскиот рамковен договор од 2001 кој се уште е длабоко трауматичен за македонската национална свест.

Марионетската власт во Скопје е во целосен очај и паника од масовното препознавање кај македонскиот народ и поголем дел од граѓаните да бојкотираат и да не излегуваат на референдумот на 30 септември.

Марионетата Заев бадијала веќе поканил и други лидери од државите-членки на антимакедонските организации НАТО и ЕУ да дојдат во Македонија и да го убедуваат македонскиот народ да се самоукине и избрише од светската мапа на нации.

Странската пропаганда на странските газди на Заев нема да му помогне, процесот е тргнат и ништо повеќе не може да ги сопре Македонците единствени и сплотени да не излезат и да го бојкотираат референдумот со што ќе одбранат името и идентитетот на македонскиот народ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 7 август 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вечер прес

Точка

Тајм

Вести

Дејли

Грид