Марионетската власт почна да измислува и трикови како да го измами народот да излезе на референдум


06.08.2018 | 23:18:17 | Соопштенија


Марионетската власт почна да измислува и трикови како да го измами народот да излезе на референдум

Марионетската власт во Скопје е во целосен очај и паника од масовното препознавање кај македонскиот народ и поголем дел од граѓаните да бојкотираат и да не излегуваат на референдумот на 30 септември.

Најново од марионетската власт гледаме ефтини маркетиншки трикови за измама на граѓаните да излезат на референдумот за постигнување на потребниот цензус за да може да го фалсификува референдумот.

Марионетската власт најбезобразно лаже дека со бришењето на името и идентитетот на македонскиот народ стануваме членка на НАТО и ЕУ каде граѓаните влегуваат во рајот и сите ќе бидат богати, иако Македонија 27 години е со НАТО и ЕУ, а е закована за европското дно.

Единствена Македонија ја разбира желбата на марионетската власт во Скопје за членство на Македонија во НАТО, бидејќи само така ќе го заштитат големото богатство стекнато на криминален начин оти се свесни дека нивните странски газди од НАТО не ги интересира нивниот грабеж, туку бараат само да бидат негови марионети за бришење на Македонија и Македонците, а народот останува да се дави во сиромаштија.

За опстанокот и просперитетот на Македонија не треба членство во НАТО и ЕУ, туку, нека дојде нова легална власт во државата која ќе ужива доверба од народот и нека направи национална и социјална револуција што подразбира ревидирање и поништување на сите антимакедонски договори од 1991 и ревизија и одземање на грабежот од околу 15 милијарди евра во изминатите 27 години.

Единствена Македонија изразува целосна подготвеност да го направи ова согласно законите кои ќе произлезат од новиот македонски устав.

Првиот чекор е да го одбраниме името и идентитетот на македонскиот народ и сплотени и единствени со масовен бојкот и неизлегување на референдумот на 30 септември да направиме референдумот да биде неуспешен.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 6 август 2018

А1 он

Макфакс

Точка

Слободен Печат

Тајм

Грид