Марионетата Заев е во паника оти му станува јасно дека референдумот ќе биде бојкотиран


04.08.2018 | 16:52:29 | Соопштенија


Марионетата Заев е во паника оти му станува јасно дека референдумот ќе биде бојкотиран

Марионетата Зоран Заев и неговите странски газди се во голема паника штом Заев секој ден со очајни пораки и трикови се обидува да ги измами граѓаните да излезат на референдумот за да може да го фалсификува.

Најновата лага од марионетската власт е дека и во случај на масовен бојкот на референдумот, тоа ќе се сметало за прифаќање на капитулантскиот договор со Грција за промена на името и затоа граѓаните требало да гласаат на референдумот за да се постигне законскиот цензус на излезност.

Единствена Македонија го повикува македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија да не наседнуваат на овие лаги на пучистичката власт во Скопје на која и се ближи крајот и на денот на референдумот масовно да не излегуваат и да бојкотираат, со што, ќе се смета дека референдумот не успеал штом нема потребна излезност.

Со неизлегувањето и бојкот на референдумот се спречува геноцидниот проект за промена на името и идентитетот на македонскиот народ, а пучистичката власт во Скопје со нејзините антимакедонски политики се доведува во ситуација да се срамат од неа и нивните поколенија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 4 август 2018

А1 он

Макфакс

Фокус

Букефал

Народен глас

Тајм

Вести

Дејли

Грид