Уште колку треба да пљачкат луѓето на власта за да видиме што е морал за Зоран Заев


29.07.2018 | 14:31:39 | Соопштенија


Уште колку треба да пљачкат луѓето на власта за да видиме што е морал за Зоран Заев

Марионетската власт во Скопје цела недела ја тресе скандал со кражба на народни пари од министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели на СДСМ кои добивале грантови по неколку стотици илјади евра како и тендер на министерот за здравство од 35 милиони евра на фантомска фирма.

Зоран Заев на сето ова лежерно се мајтапи со јавноста дека нема намера да побара оставка од инволвираните во бесрамната пљачка на буџетот.

Јавноста е сведок како устата на Зоран Заев секој ден е полна со владеење на правото, одговорност, чесност, моралност.

Единствена Македонија го прашува Зоран Заев ако скандал со народни пари од околу 45 милиони евра не е доволен барем за морална оставка на инволивирани луѓе на власта, тогаш, што е морал за Заев!?

Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт ќе биде конфискувано. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 29 јули 2018

Макфакс Точка Тајм Вести Дејли Грид