СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе поделат 4,5 милиони евра од буџетот, а не сите политички партии


27.07.2018 | 20:17:41 | Соопштенија


СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе поделат 4,5 милиони евра од буџетот, а не сите политички партии

Медиумите во Македонија денеска масовно известија дека во касите на политичките партии ќе одат 4,5 милиони евра годишно од буџетот за финансирање на партиите.

Единствена Македонија ја известува јавноста дека 4,5 милиони евра не одат кај политичките партии, туку воглавно одат во касата на партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се усогласени буџетското финансирање на партиите да се врши според бројот на пратеници што значи дека парите од буџетот кој го полнат сите граѓани ќе ги добиваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифатија предлогот на Единствена Македонија парите од буџетот за финансирање на партиите да се делат со утврден фиксен износ по член на партија, со што, партиите ќе добиваат буџетски средства според бројот на членови, а не според бројот на пратеници.

Единствена Македонија апелира до медиумите во своите извештаи да не ја користат барем формулацијата „политичките партии годишно ќе добиваат 4,5 милиони евра„ оти се добива впечаток дека сите партии ги делат овие пари, туку, прецизно да информираат дека овие пари ги добиваат воглавно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 27 јули 2018

Медиуми

А1 он

Макфакс

Точка

Фокус

Агенда

Тајм

Вести

Дејли

Грид