Скандал, Спасовски призна дека полицијата ги следи политичките противници


27.07.2018 | 13:23:41 | Соопштенија


Скандал, Спасовски призна дека полицијата ги следи политичките противници

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вчерашната собраниска седница за пратенички прашања рече дека МВР и надлежните служби во соработка со партнерските служби (читај: ЦИА) ја опсервираат целосно состојбата со лицата кои се против НАТО и ЕУ и дека тоа биле криминални и субверзивни елементи.

Ова е скандал сам по себе да се нарече сопствениот народ криминална и субверзивна група и да се нареди полициска опсервација што значи следење и прислушување само затоа што македонскиот народ и поголем дел од граѓаните се повеќе масовно ја изразуваат својата намера за сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.

Во Уставот е запишано дека Република Македонија може да стапи во членство во меѓународни организации, меѓутоа, во Уставот не пишува дека тие меѓународни организации треба да бидат НАТО и ЕУ, туку било која од повеќето меѓународни организации и сојузи кои постојат во светот, што значи дека актуелното следење и прислушување е противуставно.

Оливер Спасовски уште еднаш го погази Уставот. Очајничкиот обид на Спасовски со противуставно следење и прислушување да ја исклучи алтернативата Русија и ЕЕУ и секој кој размислува различно од пучистичката власт и нивните странски ментори, нема да успее.

По доаѓањето на новата легална власт на Единствена Македонија, одговорност за кршење на Уставот мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 27 јули 2018

А1 он

Медиа 24