Последен повик до пратениците – буџетските пари за партиите да се делат според бројот на членови, а не по број на пратеници


23.07.2018 | 20:18:02 | Соопштенија


Последен повик до пратениците – буџетските пари за партиите да се делат според бројот на членови, а не по број на пратеници

Собранието на Република Македонија вечерва ќе расправа меѓудругото и за измените за законот за финансирање на политичките партии. Според усогласените измени меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, буџетското финансирање на партиите се зголемува за 2,5 пати а средствата во најголем дел се распределуваат според бројот на пратеници што значи дека парите од буџетот кој го полнат сите граѓани ќе ги добиваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во пресрет на вечерашната собраниска седница, Единствена Македонија упатува последен повик до пратениците да го прифатат предлогот на Единствена Македонија парите од буџетот за финансирање на партиите да се делат со утврден фиксен износ по член на партија со што партиите ќе добиваат буџетски средства според бројот на членови а не според бројот на пратеници.

Единствена Македонија верува во демократскиот капацитет на народните избраници и во нивното одговорно однесување, и оттука, очекуваме во последен момент како што впрочем се носат сите битни решенија, да овозможат најоптимално совпаѓање на поделбата на буџетските пари за финансирање на партиите со бројот на членовите на партиите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 23 јули 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вечер Независен весник Агенда Вести Дејли

Тајм

Грид