Заев да се извини на Русија и да каже со име и презиме кој земал пари од Русија, Сорос, ЦИА...


17.07.2018 | 13:19:59 | Соопштенија


Заев да се извини на Русија и да каже со име и презиме кој земал пари од Русија, Сорос, ЦИА...

Зоран Заев е во очај штом почна да шири бесрамни лаги за некакви руски пари во Македонија со цел дефокусирање на јавноста од очајната посета и празните плоштади на НАТО-журките, со што народот кажа НЕ на капитулантските политики на марионетската власт во Скопје.

Ваквата лажна изјава на Заев неосновано ја сместува Русија во непријателска земја спрема Македонија и го руши концептот на пријателски односи со Русија.

Единствена Македонија го потсетува Заев дека Русија е светска велесила, членка на Советот за безбедност на ОН со право на вето, ја признава Македонија под уставното име, територијалниот интегритет, унитарноста, сувереноста, идентитетот на македонскиот народ, а Путин отворено изјави дека писменоста доаѓа од македонската земја.

Народот масовно и одлучно кажува НЕ за промена на името и влез на Македонија во НАТО и ЕУ и бара сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.

Лагите на марионетската власт во Скопје и нивните странски газди повеќе не поминуваат кај македонскиот народ и поголем дел од граѓаните. Зоран Заев да се вразуми и да и се извини на Русија за опасните провоакции на антируска основа.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да каже со име и презиме кој земал пари од Русија, Сорос, ЦИА, албанското подземје во регионот, со што јавноста ќе види, всушност, кој и од каде зема странски пари во Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 17 јули 2018

Медиуми:

Фокус

Вечер

Макфакс

А1 он

Весник

Точка

Народен глас

Тајм 

Вести

Дејли

Грид