Состанок со претседателите на скопските општински комитети


14.07.2018 | 10:56:02 | Соопштенија


Состанок со претседателите на скопските општински комитети

Заменик претседателот на Единствена Македонија Стефан Влахов Мицов и членовите на Извршниот комитет на партијата Зоран Јованчев, Ацо Николов и Драган Угриновски, денес, четврток, 12 јули 2018 остварија заеднички состанок со претседателите на општинските комитети на Единствена Македонија на територијата на Скопје.

На состанокот беше разгледувана состојбата во државата, внатрепартиските состојби и активности, како и размена на мислења, сугестии и ставови во однос на понатамошно делување. Притоа беше заклучено дека ќе се продолжи со процесот на транспарентно одлучување за сите одлуки од важност за партијата и нејзиното членство и постојана присутност на терен меѓу граѓаните.

Состанокот се одржа во просториите на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Ѓорче Петров.