Единствена Македонија до Мицковски: Веќе поднесовме закон за амнестија на уставобранителите во Собранието, само започнете ја постапката


06.07.2018 | 14:27:57 | Соопштенија


Единствена Македонија до Мицковски: Веќе поднесовме закон за амнестија на уставобранителите во Собранието, само започнете ја постапката

Единствена Македонија ја поздравува синоќешната изјава на Христијан Мицковски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе изготви закон за амнестија за лицата учесници во настаните од 27 април, кој ќе биде доставен во Собранието.

Го потсетуваме Мицковски дека во Собранието веќе има готов текст на закон за амнестија поднесен од Единствена Македонија кој стои закочен во фиоките на Талат Џафери и не се доставува до пратениците.

ВМРО-ДПМНЕ нема потреба од изготвување на закон за амнестија, бидејќи, согласни сме пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како овластени предлагачи на закон согласно Уставот и Деловникот на Собранието, да го процесуираат предлог-законот за амнестија поднесен од Единствена Македонија.

Во понеделник, 9 јули 2018, Единствена Македонија ќе го достави и до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието целосниот законски текст за амнестија насловен како „Предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните од 27 април 2017 во Собранието на Република Македонија“, со цел, започнување на процедурата за негово разгледување.

Повторуваме дека амнестијата на лицата од 27 април е најдоборото решение за смирување на тензичната состојба која може да доведе до немерливи последици, дотолку повеќе, граѓаните во Собранието влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат конкретни лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 6 јули 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Весник

Вечер

Тајм

Вести

Дејли

Грид