(ФОТО) Единствена Македонија се шири во дијаспората, формирани Задгранични комитети во Швајцарија


25.06.2018 | 09:49:34 | Соопштенија


(ФОТО) Единствена Македонија се шири во дијаспората, формирани Задгранични комитети во Швајцарија

Единствена Македонија испишува нова историја во дејствувањето на партијата со формирањето на Задгранични комитети во дијаспората. Викендов, 23 и 24 јуни 2018, претставници на Македонците од т.н. германски, француски и италијански дел на Швајцарија формираа три Задгранични комитети во Швајцарија. За координатор на Задграничните комитети е избран Живко Атанасов.

Во наредниот период продолжуваме со формирањето на Задгранични комитети и во други европски земји како и во Австралија, Канада и САД.

Пред претставници на нашинците во Швајцарија се обрати претседателот на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев.

-„Да и помогнеме на Македонија, вклучете се, заедно да расчистиме со националните предавници купени и контролирани од странските газди и кои 27 години лажат, крадат и ја растураат државата. Да ги спречиме опасните закани спрема Републиката, прво, промена на името, и второ, федерализација. На крајот, сплотени и единствени ќе успееме. Ова што го слушате од владините експерти и новинари дека се е готово, заборавете го, тоа е една голема лага оти ништо не е готово. Имаше една приватна забава на Заев и Ципрас за некакво договор кој нема правна сила а истиот е ништовен според меѓународното право, бидејќи прво, не е потпишан од овластени државни органи оти владата нема надлежност за такви договори, и второ, договорот има недозволен предмет оти за име не може да се преговата бидејќи името е прашање на внатрешната надлежност и околности, а не на меѓународното право.

Единствена Македонија останува на првата линија во борбата за одбрана на националните интереси. Под закрилата на оваа идеа никогаш нема да ги изневериме Македонија и Македонците и како партија која е исконски поврзана со традицијата на македонскиот народ и со неговата желба за суверена и унитарна Македонија на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право. Своето дејствување и понатаму ќе го темелиме на својата програма која е нашата политичка платформа и визија за развој на државата во чија основа е одбрана на името, унитарниот карактер на државата, неприфаќање по никоја цена двојазичност и федерализација на земјата, благосостојба за народот, меѓутоа, ова ќе го оствариме само ако ги надминеме делбите и се обединиме на македонски. Македонскиот народ каде и да живее е силно вознемирен од разнебитувањето на државата од страна на марионетската власт во Скопје, меѓутоа, бидете спокојни, новите геополитички поместувања на Балканот се навестуваат, а новата легална власт на Единствена Македонија произлезена од народот, доаѓа, со што го обезбедуваме опстанокот и просперитетот на Татковината„ им порача на нашинците во Швајцарија лидерот Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 26 јуни 2018