Заканите на Спасовски за апсење на Бачев - автогол на марионетската власт


21.06.2018 | 14:38:22 | Соопштенија


Заканите на Спасовски за апсење на Бачев - автогол на марионетската власт

Синоќешната телевизиска изјава на министерот Оливер Спасовски дека ќе го уапси претседателот на партијата Јанко Бачев е автогол на марионетската власт во Скопје.

Со оваа изјава Спасовски синоќа ја погреба правната држава и покажа дека не е се онака како што марионетската власт ветува и зборува.

Во досегашната пракса  и работење на МВР во една демократска држава, не се случило полициски министер да ја најави сопствената акција за апсење на лидер на партија само затоа што изразува патриотска чувствителност.

Со ова се покажува на дело дека власта не почитува устав и закони и ја враќа државата во 1948-та кога полицијата кажува кој ќе биде апсен и суден.

За Единствена Македонија и македонскиот народ е јасна крајната цел и во стилот на Спасовски да се дојде до главната поента во целата монтирана приказна за некакво руско влијание во процесите во државата.

Не е првпат да се прави конструкција поврзана со Бачев и тие во периодот што следи само ќе се засилуваат, бидејќи се свесни дека доаѓа новата легална власт на Единствена Македонија.

Му порачуваме на Спасовски дека ништо не не плаши, нашата партија денеска е Македонија, за неа ако треба и ќе погинеме, нема повеќе отстапки пред ниту една сила, единствени заедно.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 21 јуни 2018

А1 он

Грид