Бачев спречен да зборува пред Собрание од членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, повикува Мицковски да ги вразуми


20.06.2018 | 15:55:48 | Соопштенија


Бачев спречен да зборува пред Собрание од членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, повикува Мицковски да ги вразуми

Дваесетина млади лица од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од кои еден дел во видно алкохолизирана состојба синоќа го спречија претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев да се обрати на собирот за одбрана на името пред Собранието како единствен предвиден говорник.

Единствена Македонија го има идентитетот на пет лица од групата кои се во органите и телата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во неколку скопски општини.

Во еден момент постоеше сериозна опасност насобраниот народ да се пресмета со агресивните лица од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, заради што, советничкиот тим на претседателот Бачев одлучи да ја смири ситуацијата и да не се обрати на настанот, а говорници да бидат само граѓански активисти.

Единствена Македонија го повикува ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицковски да се вразумат, да ги остават настрана суетите, политичките калкулации и партискиот рејтинг, и целата енергија заедно и сплотени со македонскиот народ да ја насочиме во семакедонската народна борба против марионетската власт во Скопје.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 20 јуни 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Фокус

Точка

Актуелно 24

Весник

Вечер

Тајм

Вести

Дејли

Грид