Реакција до новинарските платеници на ДПМНЕ: Бачев не се криеше, туку војуваше против хунтата на Заев


19.06.2018 | 23:41:02 | Соопштенија


Реакција до новинарските платеници на ДПМНЕ: Бачев не се криеше, туку војуваше против хунтата на Заев

Единствена Македонија реагира на вчерашните лаги на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, кој, преку своите новинарски платеници во партиските портали „Денешен“, „Курир“, „Република“...ширеа подмолни лаги дека претседателот Јанко Бачев побегнал од завчерашниот митинг пред Собранието, па бил човек на Заев, па, излегол неповреден од протестот.

Ние сме свесни за очајот на овие новинарски јаничари и платеници, претходно на Груевски,  сега на Мицковски, зошто ги шират ваквите лаги, свесни дека членството на ВМРО-ДПМНЕ масовно ги напушта предавничките политики на нивните ментори од раководството на ДПМНЕ.

За разлика од платениците од порталите на ДПМНЕ, „Денешен“, „Курир„ „Република“... кои бараат и ликуваат за морбидни сцени со повредени лица на протестот, Единствена Македонија не посакува на било кој протест да има повредени, како што имаше на сенародниот митинг пред Собранието со употреба на бруталната и незаконска сила од полицијата.

Целиот македонски народ беше сведок пред Собранието дека првата испукана шок бомба и првиот солзавец од полицијата беа фрлени токму врз претседалот Бачев во обидот да го запре полицискиот хермелин кој тргна да го гази народот и притоа претседателот Бачев се здоби со сериозни повреди за што беше хоспитализиран во една скопска болница.

Значи, за разлика од новинарските платеници на Мицковски кои од безбедна дистанца во своите домови го следеа протестот и чекаа инструкции од Центарот за комуникации, или поточно, од Центарот за лаги на ДПМНЕ, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев беше со македонскиот народ цела вечер пред Собранието и војуваше со марионетската власт во Скопје по цена на своето здравје и живот.   

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 20 јуни 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вечер

Весник

Точка

Дејли 

Тајм 

Грид