Единствена Македонија го подржува вечерашниот собир пред Собранието против марионетската власт во Скопје


17.06.2018 | 13:59:09 | Соопштенија


Единствена Македонија го подржува вечерашниот собир пред Собранието против марионетската власт во Скопје

Извршниот комитет на Единствена Македонија на синоќешната седница донесе одлука да го подржи вечерашниот собир пред Собранието на Република Македонија во организација на навивачките групи, македонските патриотски здруженија и сите искрено загрижени Македонци и Македонки.

Во овој историски момент кога ги гледаме тажните слики на Татковината, болно ги доживуваме и не можеме да се помириме, ние сме убедени дека самоорганизираниот народ како „Комитите“, навивачките групи, МПЗ „Тврдокорни„ македонските патриотски здруженија и сите искрено загрижени Македонци и Македонки, заеднички и сплотено ќе ги одбраниме највисоките национални и државни интереси.

Единствена Македонија очекува масовноста на собирот, кој, дава шанса на сите со чинот на излегувањето да покажат дека не се согласуваат со марионетската власт во Скопје која е купена и платена од странски центар за уништување на се што е македонско.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 17 јуни 2018

А1 он

Тајм

Грид