Утре одродените Македонци ќе потпишат таканаречен договор со Грција, дел од приватната забава на Заев и Ципрас


16.06.2018 | 14:31:13 | Соопштенија


Утре одродените Македонци ќе потпишат таканаречен договор со Грција, дел од приватната забава на Заев и Ципрас

Таканаречениот договор со Грција за името е национално предавство и тешко злосторство врз македонскиот народ. Марионетската власт во Скопје е во очајнички да ја уништи цела Македонија за само 365 дена од своето владеење.

Утре во Преспа, македонските јаничари и одродени македонци со изгубено национално чувство по налог на своите странски газди ќе потпишат таканаречен договор со Грција за името составен на приватната забава на Заев и Ципрас.

Таканаречениот договор за името е без правно дејство бидејќи е спротивен на домашното и меѓународното право и затоа новата легална власт на Единствена Македонија веднаш ќе го поништи таквиот договор.

Се ближи моментот кога Единствена Македонија ќе победи и ќе расчисти со националните предавници, а сите кои учествувале во националното предавство со промена на името нема да стигнат ниту до границата при нивниот обид за бегство од државата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 16 јуни 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Фокус

Македонија

365

Точка

Тајм

Дејли

Вести

Грид