Седница на Централниот комитет на НДМ


07.07.2013 | 00:47:36 | Соопштенија


Седница на Централниот комитет на НДМ

Народно движење за Македонија денеска, 7 јули 2013 (недела), во Скопје одржа седница на Централниот комитет на партијата.

 На седницата на Централниот комитет (ЦК) беа усвоени следните заклучоци:

 1. ЦК го прифати извештајот на партискиот изборен штаб за локалните избори одржани во март 2013 и притоа беше изразено задоволство од постигнатиот изборен резултат. Имено, НДМ настапи самостојно и со освоените 15.537 гласови и девет советници е на трето место по коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ (за споредба: Демократска обнова на Македонија освои 8 советници, Српска радикална странка - 7 советници, Либерална партија - 2 советници, Социјалдемократска унија - 2 советници, Социјалдемократска партија - 1 советник, Сојуз на Титови леви сили без освоен советник).

 2. Централниот комитет изрази загриженост од последното наменскот формирање на нови политички партии по нарачка. За НДМ ова е чекор назад во македонската демократија  бидејќи не навраќа на настаните во македонската политика од почетоците на плурализмот кога политички партии наместо на реални основачки собранија се формираа во кабинетите на македонската тајна полиција.

3. Во контекст на новодобиените сознанија дека ќе има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските во март 2014, Централниот комитет расправаше за Предлог - стратегија за претстојните избори која е изработена од работна група на Извршниот комитет на НДМ, а која во наредниот период ќе биде доставена на разгледување до сите Општински комитети на партијата. По ова, стратегијата ќе биде понудена на усвојување на наредната седница на ЦК во септември 2013. Стратегијата што ќе биде усвоена од ЦК треба да биде основа на сите активности кои и претстојат на НДМ во врска со претстојните предвремени парламентарни избори.

4. ЦК изрази несогласување со попустливата домашна политика во однос на спорот со името и оттука смета дека е потребно редефинирање на македонските стратешки надворешно-политички приоритети. Поточно, сега треба јасно да се каже дека во овој период, Македонија треба да води остварување на своите стратешки цели во две етапи и во оваа смисла, определбата за  започнување на преговорите со ЕУ, за Македонија да биде оној, така да го наречеме,  „втор пакет„ кон кој ќе се стремиме, а фокусот да се насочи кон Њујорк, т.е. спрема Обединетите нации каде на земјата и стојат на располагање четири правни механзими за враќање/употреба на името-Република Македонија во ООН и на тој начин спорот со името од политичкиот да го префрлиме на правниот терен каде што му е местото.

Скопје, 7 јули 2012 Центар за комуникации со јавноста на НДМ

Изјавата на претседателот Бачев можете да ја погледнете ТУКА.