Регионална средба со претседатели на Општински комитети на партијата


21.12.2012 | 00:39:40 | Соопштенија


Регионална средба со претседатели на Општински комитети на партијата

Синоќа, четврток 20.12.2012, во просториите на Општинскиот комитет на партијата во Кривогаштани беше остварена регионална средба на дел од раководството на партијата во состав, претседателот Јанко Бачев, генералниот секретар Илија Ташев и членовите на Извршниот комитет Трпко Спасовски и Драган Живковиќ со претседателите на Општинските комитети на партијата од Кривогаштани, Долнени, Крушево, Прилеп, Македонски Брод, Кичево, Демир Хисар и Битола.

На средбата претседателот Бачев ја презентираше Предлог - изборната платформа на партијата за локалните избори во март 2013 година. Предлог - платформата изработена од работна група на Извршниот комитет, во наредниот период ќе биде разгледувана на уште четири регионални средби во другите делови на државата, со цел да се запознаат со неа сите Општински комитети на партијата во земјата.

По ова, Предлог-платформата ќе биде понудена на усвојување на наредната седница на Централниот комитет на НДМ која ќе се одржи кон крајот на јануари 2013 година.

Платформата што ќе биде усвоена од Централниот комитет треба да биде основа на сите активности кои и претстојат на НДМ во врска со претстојните локални избори. Исто така на средбата беа разгледувани и критериумите за советници и градоначалници од редовите на НДМ за претстојните локални избори во март 2013 година.

Скопје, 21 декември 2012 Центар за комуникации со јавноста на НДМ