Верица Илиќ на семинар за екологија во Струмица


14.05.2010 | 00:37:36 | Соопштенија


Верица Илиќ на семинар за екологија во Струмица

Претседателката на Унијата на жени на Народно движење за Македонија, Верица Илиќ, на 15.05.2010 година престојуваше во Струмица, каде на покана на Организацијата на жени на општина Гази Баба, учествуваше во работните сесии на семинарот за екологија што се одржа во Струмица. Претседателката Илиќ имаше свое обраќање околу нашата заложба да бидеме дел од глобалната еколошка иницијатива, дејствувајќи локално. На семинарот учество зедоа претставници на повеќе еколошки здруженија, здруженија на граѓани, Организацијата на жени на општина Гази Баба и др.

Како дел од активностите што ги превзема Унијата на жени на НДМ, од посебна важност се проектите од областа на Екологијата. Со оглед на фактот дека се работи за една исклучително сериозна проблематика, вклучени сме во повеќе проекти и иницијативи од оваа област. Соработуваме со повеќе еколошки здруженија, здруженија на граѓани, Организацијата на жени на општина Гази Баба и отворени сме за соработка со секој граѓанин кој е загрижен за иднината на планетата Земја. Да го дадеме нашиот придонес во Глобалната еколошка иницијатива дејствувајќи локално. Загадениот воздух да го замениме со чистиот, да јадеме еколошки чиста и здрава храна, да пиеме незагадена вода, да ги вратиме зелените површини  насекаде околу нас, да ја поттикнеме еколошката свест кај секој од нас, тоа е дел од заложбите кон кои се стремиме.

На покана на Организацијата на жени на општина Гази Баба, наш претставник присаствуваше на семинарот кој се одржа во Струмица, на теми од екологијата. Предавањата се одржаа во три сесии на кои беа презентирани следниве теми :

1.    - Глобалната екологија во денешницата; - Екологијата во урбаното живеење и дејствување (локално делување);

2.    - Екологија и фамилијарни заедници: - Активности во сопственото опкружување – зелени опции; - Учество во креирање на иднината;

3.    - Екологија во земјоделството, руралниот развој и туризмот; - Агроекологија и заштитени еколошки зони;

                 

Како поттик за поубава и почиста средина на живеење на граѓаните во општината Гази Баба, на покана на ОЖГБ како организатори на овој проект, со свои претставници учествувавме  во засадувањето на цвеќиња пред УЗ Автокоманда. Проектот воедно содржи и избор на најубав двор, балкон, паркови пред зграда, деловни објекти и т.н.

Ја поздравуваме секоја иницијатива и секогаш ќе го дадеме нашиот придонес на вакви и слични проекти, бидејќи тоа е дел од нашите заложби.

Струмица, 14 мај 2010 Центар за комуникации со јавноста на НДМ