Глигоров го доби документот за укинување на истрагата за атентатот под кодното име „Автомобил„


15.10.2010 | 00:30:48 | Соопштенија


Глигоров го доби документот за укинување на истрагата за атентатот под кодното име „Автомобил„

Народно движење за Македонија ја информира јавноста, дека во текот на вчерашниот ден, на првиот македонски претседател Киро Глигоров, му го предаде скандалозниот полициски документ, од кој јасно се гледа дека полициската истрага за обидот за атентатот врз него е прекината уште пред 11 години.

Со овој документ, на многу конкретен начин му се покажува на Глигоров, дека кажаното од МВР во изминатите 11 години, дека се работи на атентатот, е едно големо ништо и голем трик за манипулација.Или, кажано со други зборови, останувало да чекаме случајно да се открие атентаторот кој пред 15 години сакаше да ја дестабилизира државата!

Значи, последните 11 години од овој немил настан, властите во Македонија не бираат средства и методи за манипулација со граѓаните и со самиот Глигоров. НДМ изразува надеж, дека после запознавањето на Глигоров со овој скнадалозен полициски документ, првиот македонски претседател ќе го искористи својот авторитет и кредбилитет, за да побара од надлежните разјаснување на следното суштинско прашање: Зошто, наместо отворено да се каже дека токму заради неработењето, истрагата никогаш не била блиска ниту до мотивите, ниту до извршителите, и понатаму продолжува лажењето дека се работи на откривање на атентаторот, кога Штабот и ОА Автомобил се укинати уште пред 11 години? Во оваа насока, веруваме дека Глигоров ќе побара и одговорност – Кој ги укинал Штабот и ОА Автомобил уште пред единаесет години?

Скопје, 15 октомври 2010 Центар за комуникации со јавноста на НДМ